Голем шумски пожар изби околу шест часот утрово во областа Сарти – Ситонија на вториот крак на Халкидики, а силниот ветер бргу ги прошири огнените јазици.

Како што јави МИА од Атина во гаснењето на пожарот учествуваат 60 пожарникари со 30 возила, три екипи од пешадија и четири авиони.

Гори борова шума, а силниот ветер дополнително го отежнува справувањето со огнените јазици.

Според локалните медиуми, пошироката област каде што изби пожарот, е покриена со чад, а во Сарти има прекин на електрична енергија и на мрежат на мобилните оператори.

За сега, според истите информации пожарот е далеку од населените места.