Силен пожар гори во близина на Градскиот парк во Скопје. Поради огнот кој неконтролирано се шири, евакуирани се вработените во институциите лоцирани во близина. Првичните фотографии покажуваат дека огнот се шири од бараките кои се наоѓаат зад рестораните во Градскиот парк, пожарот се прошири и кон бараките кои порано ги користеше судот за прекршоци. Во моментов на терен се четири пожарникарски возила.