Огромен пожар избувна денеска на Универзитетот во Гиресун во североисточна Турција, при што се евакуирани професорите и студентите, јави турската телевизија Си Ен Ен Турк.
Пожарот избил на покривот на Факултетот за туризам. Огнот брзо зафатил голем дел од зградата.
Многу противпожарни возила се испратени во областа, вклучително и од соседниот округ Орду. Пожарникарите се уште се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Причината за инцидентот се уште не е позната и засега нема информации за повредени лица.