Пред два часа избувна голем шумски пожар на границата меѓу Македонија и Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село.

Пожарот го потврдија и од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица и од ТППЕ Струмица, чии екипи се на терен и го гаснат пожарот.

Зафатена е ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост со површина од над 3 хектари.

Поради непристапниот терен гаснењето оди тешко, а според првичните информации од местото на пожарот најверојатно е предизвикан од човечки фактор.