Премиерот Зоран Заев има нормален притсиок е утврдено денеска по неговото обраќање на свечената академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, на која во суперлативи зборуваше за оваа високошколска институција, што пред 12 години ја отвори поранешниот премиер Никола Груевски.

Со нормален притисок од 120/80 mmHg на Фејсбук се пофали и Заев, а мерењето будно го следеше и министерот за здравство Венко Филипче.

Тоа значи дека не треба да се секираме за здравјето на премиерот, тој има стабилизиран притисок, по синоќешниот дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и по денешната оценка (нула) за работата на владата на Заев во сферата на економијата, што му ја дадоа германските инвеститори во Република Македонија.

Сепак, не е се така розово. Барем од многуте коментари под фотографијата што премиерот Заев ја објави на својот профил на Фејсбук.

– Е, другар, ти си со 120/80 затоа што јас го пијам хелексот, а не ти!- му напиша во коментар Виктор Б. Ширкоски.

Под објавата има многу коментари, но доволно говори и посочениот.