Голем шумски пожар долж брегот на Калифорнија во областа Биг Сур принуди стотици жители да се евакуираат, соопштија локалните власти.

Пожарот избувна синоќа и брзо се прошири, за што придонесе многу силниот ветер.

Повеќе од 500 луѓе се повикани на евакуација во областа, а пожарот го гасат повеќе од 250 пожарникари.

Метеоролозите најавија слабеење на ветрот што треба да ги олесни напорите за гаснење на пожарот.