Еден човек е тешко повреден на северот на Косово, неговиот живот е загрозен и во тек е операција во болницата во Косовска Митровица, потврди за Н1 др. Златан Елек, директор на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица.

Станува збор за прострелна рана во грбот. Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, рече дека ранетото лице е 36-годишниот Сречко Софронијевиќ, а десетици Срби се ранети наутро на северот на Косово.

Ранетиот е опериран, се наоѓа на интензивна нега, а состојбата му била стабилна.

Неговото ранување доаѓа откако на северниот дел на Косово, односно Косовка Митровица, дојде до судир меѓу косовските сили и српското населние. Припадниците на косовската полиција за економски криминал и царина затворија неколку продавници во северниот дел на Косовска Митровица и околните области, предизвикувајќи реакција кај жителите на тој град, кои со камиони и возила блокираа одредени градски улици и крстосници.

Припадници на Единицата за интервенција на косовската полиција се исто така во соседната општина Звечан, пренесува РТС.

Како што велат, патот што води до населбата Рударе кај мостот е блокиран.

Полицајци фрлале солзавец врз насобраните граѓани кои блокирале неколку улици, а сирените за тревога се огласиле во сите правци.

Според последните информации од очевидци, РОСУ се повлекла во јужниот дел на Косовска Митровица, сирените престанале, но хаосот продолжува. Како што пренесуваат на социјалните мрежи, Србите ги испратиле со камења.