Италијанската полиција утрово уапси 85 лица обвинети за разни кривични дела, пренесува агенцијата Анса.
Акцијата е резултат на двегодишна истрага спроведена во неколку италијански градови, од Палермо до Рим, а уапсените се обвинети за производство и дистрибуција на дрога, корупција, мито, уцена и продажба на оружје.
Меѓу уапсенит и Џузепе Витале, поранешна шефица на мафијашкото семејство „Фардака“, која соработуваше со полицијата за време на претходното апсење, а последните две години, од тајна локација, работеше на набавка и дистрибуција на дрога.
Поради корупција, уапсен е и еден затворски чувар, за кој е утврдено дека како курир ги овозможува врските на мафијашите во затворот со надворешниот свет.
Истрагата утврди дека некои локални политичари се поврзани со мафијата, а минатата година општинскиот совет беше распуштен бидејќи некои членови биле вмешани во мафијашки работи.