Пожари ширум Русија зафатија повеќе од 14.300 хектари шума, соопшти руската Служба за заштита на шумите и воздух.
Од полноќ во Русија активни се повеќе од 34 шумски пожари, а противпожарните служби прават сè за да ги изгаснат огновите.
Поголемиот дел од пожарите се во Краснојарск, каде што се уништени околу 5.400 хектари шума.
Прогласена е вонредна состојба во Бајкалскиот регион, како и во областите околу Иркутск, Тува и областа на Хакасија.
Со пожарите се борат 1.700 пожарникари и 234 опремени единици.
Во последните 24 часа тие успеаја да го изгаснат пожарот на 3.700 хектари.