Најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, со трите гола синоќа против Селта Виго, постави еден необичен рекорд во шпанското првенство.

Аргентинскиот ас стана првиот фудбалер кој на еден меч направил хет-трик со два гола од слободен удар и еден од пенал. Три гола од прекин на ист поединец на еден натпревар во Шпанија не беа видени од 5 мај 2012 година кога играа Барселона и Еспањол. И тогаш Меси даде три гола, но два од пенал, а еден од слободен удар.

Во последните осум сезони, Меси има постигнато дури 29 голови од слободен удар. Не само што е најдобар во оваа категорија меѓу играчите, туку нема ни клуб во Европа со таква бројка. Јувентус има 27 гола од слободен удар, Реал Мадрид 23, Рома и Лион по 21, итн.