Горан АНГЕЛОВ
Jас знам дека секој народ има свои изроди кои повеќе се грижат за својот џеб отколку што се грижат за народот и неговата судбина.
Но изгледа дека македонскиот ги има повеќе од било кој друг народ. Истите тие предавници, наместо да се опаметат и ги признаат своите грешки, тие за тоа бараат награда (Нобелова).
Кражбата на една нација никогаш не застарува и еден ден за тоа народот ќе си ја побара сметката да ја наплати.
Ниту еден судија не е точен како времето кое доаѓа за наплата и времето кое бара да се соочиме со тоа што ни стои во совеста. Тоа време иде.
Сега тие ја глодаат среќата која им припаѓа на други, на тие што се напатени и што останале во оваа земја да се борат за подобро утре. Тие што се сега на власт се срамат од тоа каква им е татковината и за тоа ја менуваат, ја обезличуваат, затоа тие и не припаѓаат кај неа. Ниту еден чесен син и ќерка не се срамат од својата мајка.
Мерката за патриотизам е да си подготвен да умреш во секој момент за својата земја, тие тоа го немаат, тие ги имаат мерките за предавства, кои ние никогаш одблиску нема да ги знаеме кои се и како изгледаат.
Време е за ОБЕДИНУВАЊЕ. Доста е кавги и несреќи, време е сите да застанеме заедно и да и го тргнеме овој товар на татковината. Товар наречен власт.
Обединете се сите под ВМРО-ДПМНЕ, и заедно испорачајте им ја сметката на предавниците.
Заедно против тиранот, браќа и сестри!
Да живее Македонија!