Кико брат! (Кристијан Јандриоски, н.з.)
Јас знам дека секој народ има свои изроди кои повеќе се грижат за својот џеб отколку што се грижат за народот и неговата судбина.
Но изгледа дека македонскиот ги има повеќе од било кој друг народ. Истите тие предавници, наместо да се опаметат и ги признаат своите грешки, тие за тоа бараат награда (Нобелова).
Кражбата на една нација никогаш не застарува, и еден ден за тоа народот ќе си ја побара сметката да ја наплати.
Ни еден судија не е точен како времето кое доаѓа за наплата и времето кое бара да се соочиме со тоа што ни стои во совеста. Тоа време иде.
Сега тие ја глодаат среќата која им припаѓа на други, на тие што се напатени и што останале во оваа земја да се борат за подобро утре. Тие што се сега на власт се срамат од тоа какваа им е татковината, и за тоа ја менуваат, ја обезличуваат, затоа тие и не припаѓаат кај неа. Ниеден чесен син и ќерка не се срами од својата мајка, тие се срамат.
Мерката за патриотизам е да си спремен да умреш во секој момент за својата земја, тие тоа го немаат, тие ги имаат мерките за предавства, кои ние никогаш одблиску нема да ги знаеме кои се и како изгледаат.
Затоа брат, упати поракава до сите….
Време е за ОБЕДИНУВАЊЕ. Доста е кавги и несреќи, време е сите да застанеме заедно и да и го тргнеме овој товар на татковината. Товар наречен „власт“.
Обединете се сите под ВМРО-ДПМНЕ, и заедно испорачајте им ја сметката на „предавниците“.
Заедно против тиранот, браќа и сестри!
Да Живее Македонија!
Горан Ангелов