Маж бил нападнат од две лица во ресторан во Скопје, информира полицијата. Вчера во 00:50 часот во СВР Скопје, 47-годишниот М.С. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00:30 часот во угостителски објект на улица „Благоја Стефковски“физички бил нападнат од Х.Б.(43) и Ф.Б.(47), двајцата од Скопје. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.