Околу 900 тони литиумски батерии горат во фабрика за рециклирање батерии во јужна Франција, создавајќи облак од густ црн чад, соопштија денеска француските власти.
Пожарот избувна синоќа во магацин во сопственост на француската група за рециклирање СНАМ во Вивиез, северно од Тулуз, изјави локалниот советник Паскал Мазе на платформата Х.
Весникот „Монд“ објави дека околу 70 пожарникари се борат да го стават пожарот под контрола.
Литиумските батерии се од витално значење во електричните уреди од телефони до електрични автомобили
Во безбедносно известување се предупредува дека во случај на голем пожар, производите во фабриката веројатно би испуштале кадмиум. Кадмиумот е многу отровен и опасен за животната средина, но се наведува дека отровните испарувања не треба да претставуваат непосредна опасност по здравјето на жителите. (МИА)