Во скопската населба Железара гори магацин за бои и лакови, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Гори објект-магацин за бои и лакови на Булевар „Александар Македонски“ бр.67. Во 17:10 на терен се излезени екипи на Бригадата за противпожарна заштита со шест противпожарни возила и 20 пожарникари. Пожарот се уште се води како активен, соопшти ЦУК.