Гори познатата катедрала Нотр Дам во Париз. Голем дел од 850 години старата готска катедрала и една од иконите на Париз е во пламен.
Пожарникарите се на терен. Огнот ја урна главната кула на катедралата, објави Би-Би-Си. Голем дел од покривот се распадна, објавија медиумите.
Во тек е голема операција за гаснење на огнот, а портпаролот на институцијата на Твитер напиша дека областа е расчистена од луѓе.
Засега не е позната причината за пожарот, но се претпоставува дека е можно да е поврзано со реновирањето на катедралата.
Градоначалникот на Париз потврди дека голем пожар ја зафатил Богородичната црква и упати апел луѓето да стојат понастрана и да не им пречат на пожарникарите. Тој рече дека противпожарните бригади се обидуваат да го стават под контрола огнот.
„Ужасен пожар е во тек во катедралата Нотр Дам во Париз. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола огнот. На локално ниво сме мобилизирани и во постојан контакт со црковните власти. Барам сите да го почитуваат безбедносниот периметар”, напиша таа на Твитер.
Фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи покажуваат како излегува густ чад над 850 години старата готска градба.
Минатата година, Католичката црква во Франција упати итно барање за финансиски средства за спасување на катедралата, која почна да се урива.
Live video of the Notre Dame fire from someone who is extremely close to the scene https://t.co/uFWV8W7o4h
— Jennifer Epstein (@jeneps) April 15, 2019
Fires coming out of the #Notre_Dame cathedral. pic.twitter.com/zTxnf75nOS
— Firas El Echi (@FirasElEchi10) April 15, 2019
Not good in #NotreDame https://t.co/ScRpX1IgAZ
— Chris Tetley (@christetley74) April 15, 2019