Во Македонија имаме селективно и корумпирано судство, на сите нивоа, вели поранешниот политичар и екс гувернер на Народната банка на Македонија, Петар Гошев.

– Имаме селективно и корумпирано судство, на сите нивоа и не се раздава правдата и правото како што треба. Не се подобри состојбата после времето на (Никола) Груевски, има одделни случаи и некои од нив се манифестација „еве ние правиме нешто“. Крупни предмети не видоа разрешница. Во Македонија може да ја купите правдата, ќе одговарате ако немате со што да платите. Ќе одговарате за ситни деликти, но не одговарате за стотици милиони проневерени пари. Ние можеме да бидеме дефинирано како клептоманско општество, изјави Гошев во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

Тој појаснува дека има поединци кои се истакнуваат, но генерално од 1990-та година наваму, критериумите за избор се се надолу.

-Всушност ние немаме критиериум. Кој што може и кој што треба да прави, оценува Гошев.