Четири камиони со РДФ отпад или така наречен еко-енергенс наменет за скопската Цементарница УСЈЕ биле запрени ноќеска на граничниот премин Богородица, објави ТВ Телма информација што ја дознала од свои извори на граничниот премин.
Повикани се инспектори од Министерството за животна средина да земат примероци и да ја проверат содржината на отпадот.
Според извори на телевизијата ова биле 4 од 16-те камиони кои влегле во Макеоднија со ваков РДФ отпад наменет за истата фабрика.
Од Министерството за животна средина најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста.