Грчкиот главен град Атина е на прво место како најдобра европска престолнина за љубителите на храна, со вкупна оценка 88,47 од 100. Со тоа, градот ги победи и Мадрид (8,05 / 10), Париз, Белград, Софија и сите други.

Интернет-страницата Uswitch.com во анализата ги зема предвид рестораните со четири ѕвезди, кафулињата, пабовите и вегетаријанските ресторани во секоја област одделно. Древниот град Атина е на прво место, а како најдобар главен град за вегетаријански ресторани (8,85 од 10), Белград е втор во вкупниот ранг за љубителите на храна, со оценка 83,06 / 100. Српскиот главен град е и вториот најевтин за храна, со просечни 15,98 евра за оброк, што е половина од просечната цена во романскиот главен град, Букурешт (32,52 евра).

Бугарската престолнина Софија, е трета. Главниот град на Албанија, Тирана е четврта со вкупна оценка 78,76 / 100. Овој главен град ги има и вторите најдобри кафулиња.

Париз не успеа да влезе во топ 15. И покрај тоа што некогаш беше нарекуван „престолнина на гурманите во светот“, Париз паѓа до 24-то место со оценка 38,2 / 100. Просечната цена на оброк тука е 27,03 евра, речиси двојно од онаа во Скопје, којшто нуди најевтин оброк во Европа (14,10 евра).

Стокхолм, Шведска, е европскиот главен град со најниска оценка – 15,99 / 100. Со втората највисока просечна цена за оброк (61,28 евра) зад Данска (67,89 евра), шведската престолнина исто така е рангирана на последното место, за нивните пабови, со резултат од 7,83 / 10 – далеку зад Белград на првото место.

Вториот најнизок резултат го има главниот град на Норвешка, Осло. Трет од дното е Луксембург со 21,11 / 100, а оценката за брза храна достигна 7,92 / 10.