Советот на Град Скопје на денешната седница одлучи, како израз на солидарност, на семејствата на загинатите лица од сообраќајката што се случи на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, да им додели еднократна парична помош во износ од 100.000 денари.
– Со оваа одлука, Градот Скопје како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, на секое семејство кое изгуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари, соопштија од Град Скопје.
Советот на Град Скопје со едноминутно молчење за знак на оддавање на почит на загинатите во сообраќајката ја започна 27-та седница.
Во големата сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари животот го загубија 15 лица.