Невреме со град со големина на орев го погоди регионот на Гевгелија, а најмногу град падна во селото Негорци.

Според информации од жители на Негорци, градот на два пати го погодил регионот.

– Град со големина на орев паѓаше нешто по 12:30 часот, а по 13:00 часот повторно падна и се е побеле. Според информациите со кои располагаме градот ги погоди селото Негорци, градот Гевгелија и други околни населени места, велат жители на Негорци.