Руските ракетни напади во Харков погодија локација на енергетската инфраструктура, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во некои области на градот, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов.

Над Харков се регистрирани три летови на проектили и специјалистите и комуналните работници прават се што можат за да го вратат нормалниот живот во Харков, напиша Терехов на Телеграм.

Регионалниот шеф на Харков, Олег Синегубов, исто така, ги потврди нападите.

– Непријателот го напаѓа Харков. Има експлозии во градот, напиша тој на Телеграм.