Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски со вечерашното јавување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, побара заострување на меркита за заштита од проширувањето на ковид-19 во градот и апелираше надлежните да излезат во пресрет и да го зголемат бројот на епидемиолози и стручни тимови во Центарот за јавно здравје во Куманово.
„Воедно остануваме и на досегашното барање, да се обезбеди целосен карантин на општината, а тоа подразбира контролиран влез и излез од градот“, рече Димитриевски, појаснувајќи дека транспортот на стоки би продолжил да се спроведува.