Уште едно лице вработено на Клиниката за кожни болести во Скопје е позитивно на коронавирусот, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Денеска Министерствоо за здравство соопшти за новодијагоностицирани 24 лица со што вкупната бројка во земјава е 201 лице.

Вчера беше соопштено дека 5 лица од тестираните 30 кои имале контакт со поранешната директорка на Клиниката се позитивни на вирусот, но дека немале никакви симптоми.