Пред малку ми се јави италијанскиот колега, Луиџи Ди Мајо. Ни честиташе за позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори со С. Македонија, истакнувајќи дека и покрај тешките моменти во кои се наоѓа неговата земја, сака да им честита на сите македонски граѓани за овој долгоочекуван успех.

Ова пред малку го објави министерот за надворешни работи Никола Димитров:

– Да се честита успехот на пријателите во време кога самите минувате низ исклучително тешки моменти, е голема доблест. Му се заблагодарив во името на целата нација и изразив длабоко сочувство до италијанските граѓани за големиот број жртви од пандемијата, со желби за поскоро оздравување на заболените и за што поскоро надминување на сите предизвици со кои се соочува Италија во овие тешки мигови, објави Димитров на Фејсбук.

Ова е добар гест на италијанскиот министер, чија земја се соочува со катастрофални последици од коронавирусот, а на апелот за помош до светот, таа најбрзо стигна од Кина, Русија и Куба, но не и од ЕУ.