Татко и син од струмичко Мокриево вчера биле пронајдени убиени во Швајцарија.

Околу пладне, кантоналната полиција во Фрибург била известена за исчезнување на татко и син – Д.К (23) и Н.К (47), објави Струмицаденес.

Во соработка со кантоналната полиција на Вауд, двајцата биле пронајдени мртви во вила во регионот на Вауд.

Како што соопштуваат швајцарските и француските медиуми тие биле застрелани со пиштол, а уапсен бил 30-годишен маж кој ја признал вината. При претресот пронајдено било и огнено оружје.

Како што пишуваат во една од групите на нашите иселеници на Фејсбук, таткото и синот претходно од осоминчениот за убиството сакале да откупат трактор и му дале капар. Неколку дена подоцна тие му се јавиле за да си го земат тракторот, но тој одбил.

Откако таткото и синот отишле да си го земат капарот биле застрелани, а нивните тела биле затрупани во арско ѓубре.

Извор: strumicadenes.mk