Христијан МИЦКОСКИ

Ајде што задоцнето, делумно и лошо ги копираат анти кризните мерки што ги предлагаме. Ајде што Зоран Заев копира и оди со интервјуа на истите медиуми каде што веќе сум гостувал, што и не е така лошо, бидејќи граѓаните ќе може да ја направат разликата, но она што вистински загрижува е што не престануваат да бидат лицемери, во исто време кога се неспособни и продолжуваат партиски да вработуваат. Во исто време кога Заев им порачува на работниците да “стиснат заби” затоа ќе се кратат плати, во општината каде се власт Гази Баба обезбедуваат 15 милиони денари за нови привремени партиски вработувања. Каква е таа солидарност кога на стопанството му велите да се стрпи, во исто време удирате по работниците и кратите плати, а од друга страна вработувате нови партиски кадри. Сакате вистинска солидарност? Повлечете го предлогот за драстично кратење на плати на работниците, откажете се од функционерските плати и работете про боно (бесплатно) додека трае кризата, затоа што само така се сака Македонија! Ова не е време на ситно политиканство, туку на мудри одлуки. Потребна е одговорност, трезвеност и разум.