Градоначалникот на украинскиот пристанишен град Мариупол изјави дека неговиот град е „во рацете на окупаторите“ по неколкунеделната опсада на руските сили.

„Не е сè во наша моќ. За жал, денес сме во рацете на окупаторите“, рече Вадим Бојченко, градоначалник на Мариупол, во телевизиско интервју во живо, пренесува CNN.

Бојченко повика на целосна евакуација на преостанатото население на Мариупол, коj имаше над 400.000 жители пред Русија да ја започне инвазијата на Украина на 24 февруари.

„Според нашите проценки, околу 160.000 луѓе се денес во опколениот град Мариупол, каде што е невозможно да се живее бидејќи нема вода, струја, топлина“, рече тој.

Не беше јасно дали борбите се уште се активни во градот.

Статистиката објавена од украинските власти во неделата дава мрачна слика за резултатите од повеќенеделните гранатирања и урбани борби во Мариупол.

Според тие бројки, оштетени се 90 отсто од станбените објекти во градот.