Јас како градоначалник на Oпштина Пехчево присуствував на координативниот состанок во општина Кочани, по нивна иницијатива, мојата општина е засегната од неколкуте поплави кои се случија, претежно на локалитетот Рамна река во Пехчево, во изворишниот дел на река Брегалница, каде нивото на реката беше енормно зголемен, а настанаа големи материјални штети во станбената инфраструктура, викенд куќите, како и во делот на атмосферската канализација која е во тек на изградба, како и големи оштетувања на електричните столбови на ЕВН, истакна Александар Китански, градоначалник на Општина Пехчево.

-Ние како општина и комуналното претпријатие правовремено излеговме на терен со помош од многу луѓе од нашата општина кои доброволно решија да се справуваат со проблемите, а оценувам дека бевме оставени сами на себе без никаква помош од централната власт. Затоа апелирам до централните власти да имаме соработка без разлика на партиската определба, затоа што ние сме избрани да работиме во корист на луѓето.