Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека во текот на ноќта пресретнати и соборени се 32 украински дронови насочени кон главниот град на Русија.
Поради украинските напади со беспилотни летала откажани се 24 летови од московските аеродроми.
И во други делови од Русија, вклучително и кавкаските републики Чеченија, Северна Осетија и Дагестан било издадено предупредување од напади со дронови.
Четириесет беспилотни летала биле соборени над регионот Калуга, во близина на Белорусија и Украина.




