Во земјите од бивша СФРЈ и Албанија, само Косово е пред Македонија со повратници од боиштата во Сирија и Ирак.

Според Меѓународниот центар за проучување на радикализација, со најмногу 133 повратници од блискоисточните боишта е Косово, а во Македонија има од 72 до 86 поранешни припадници на Исламска држава.

Во Босна и Херцеговина се вратиле 56, во Албанија 44, во Црна Гора 10, во Србија 7, двајца во Словенија, додека во Хрватска нема ниту еден.

Се проценува дека од овој регион на боиштата на Блискиот Исток заминале од 1.084 до 1090 лица, а од таму се вратиле вкупно 324 до 338 припадници на ИД.