Одамна не сме слушнале од загрижените партии, НВО и граѓани за тоа колку Тамари вреди блиндираниот „мерцедес“ што го набави поранешниот премиер Никола Груевски, а го користат актуелниот Зоран Заев и актуелната власт.
Денеска беше објавено дека Република Македонија има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции, чија просечната старост е 11 години, а двете најстари имаат по 31 година и поминато 1.360.000 км.
Освен тоа Македонија има и вкупно 220 противпожарни возила, од кои голем дел се исто така стари и добиени од донации, како и 2.645 службени коли кои служат за превоз на функционери и службеници на државата.
Лесно беше „мерцедесот“ да се конвертира во возила за брза помош, ама 2.645 е тешко, со оглед дека сега нема НВО, граѓани, партии… кои бараат повеќе амбулантни и противпожарни возила. Како пред неколку години.