Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
– Од денеска ќе се изведуваат градежни активности при поставување индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово во времетраење од два дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, соопшти АМСМ.
Од денеска ќе се почне и со изведување градежни активности за поставување електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Од АМСМ информираат дека од денеска ќе почне изведување градежни активности на дел од улицата „Ѓорче Петров“ од крстосница со булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово, во времетраење од десет дена. За таа цел ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП „Скопје“.
Иако собраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево