Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце утринава за излез од земјава се чека околу еден час, информира Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.