Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прекин на сообраќајот за сите типови на возила од 6 август од 9 до 15:00 часот, поради изведувње на градежно асфалтерски работи има на регионалниот пат Житоше-Кривогаштани.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.