На ГП Табановце попладнево се чека 30 – 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Претходно објавивме дека нема поголеми задржувања на граничните премини, но во текот на денот сообраќајот на Табановце е зголемен.