Треба да си тотално енергетски неписмен и неодговорен, а политички додворник, па да решиш како сиромашна земја да купуваш течен гас од Америка, преку терминалот во Александропулос, објави лидерката на Глас за Македонија, Солза Грчева.
– Четири пати поскапо од рускиот гас. Во Европа многу земји ова го одбиваат. Што е проблем да го плаќаме во рубли гасот од Русија? Со кој стандард на граѓаните ќе го плаќаме лиживаганството на Заев (кој го потпиша LNG терминалот кој и сега ни голта десетици мил.евра)? Истиот тој, кој на 18 годишниот син му подари енергетска компанија? Владава треба да си оди. Најмалку…- објави Грчева на својот официјален профил на Фејсбук.
Реакцијата на Грчева се однесува за терминалот Александрополис во соседна Грција, во кој инвестира и Република Македонија.