Обични говеда се тие кои ќе се доберат до некоја функција, па потоа забораваат дека самите излегле од некое сомнително буниште и не сакаат да помогнат на сиромашните, заборавени од општеството, а притоа далеку поквалификувани од матните ликови, вели лидерката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева.

Универзитетска професорка Грчева, натаму во врска со политичката и социоекономската реалност во Македонија додава:

– Простете на изразот, но вистината е таа! Каква социјална држава сме ние? Ние сме апашка држава и тешко на чесните луѓе, кои зависат од милоста на апаш(к)ите!- објави Грчева на својот официјален профил на Фејсбук.