Неделникот Фокус објавува дека новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошески е избран од Владата по консултација со меѓународни партнери и по препорака на важна држава од Западна Европа кој барала поинтензивна битка со корупцијата, објави Фокус.

Покрај САД кои не се дел од Европа според Фокус можни земји кои препорачале нов директор на АНБ да биде функционер кој се потпишал на македонскиот пасош на руски шпион се две членки на Алијансата од која една е членка и на ЕУ.

Амбасадори кои деновиве бараа посилна битка против корупцијата освен американската амбасадорка Анџела Агелер се Велика Британија и Германија.

Која од овие две земји лобирала за човек кој практично работел против интересите на САД и е на црната листа на Вашингтон не може да се заклучи од напишаното во Фокус.

– Неофицијално, тој е избран за нов директор на АНБ по консултација со меѓународните партнери на државата, како и по препорака на моќна западноевропска амбасада, која периодов побара засилена борба против корупцијата во земјава, пишува Фокус.