Во две одделени акции грчката полиција заплени 211 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.

Во првата акција, запленети се 125 килограми во селото Лептокарија, кај Игуменица, при што е уапсен албански државјанин, а по проверката било утврдено дека било лице по кое трага полицијата.

Станува збор за Блендар Зотај, кој според грчката полиција пред пет години успеал да побегне од затворот Патра, каде издржувал затворска казна во траење од 11 години поради недозволена трговија со дрога.

И втората акција е во близина на Игуменица, во која полицијата запленила 86 килограми марихуана и уапсила албански државјанин.

Дрогата била откриена во автомобилот со кој патувал Албанецот (34), а ја открило куче во подот на возилото.

Годинава само во ова подрачје запленети се неколку тони, додека на целата територија на Грција околу осум тони марихуана пристигната од Албанија.