Во Грција нема македонски јазик, туку јазикот што го говорат во околината на Лерин е бугаро-српски, вели Јоргос Бабињотис, поранешен ректор на атинскиот универзитет и претставен како експерт за јазици во гостувањето во ТВ дневникот на грчката телевизија Скај.
Погледнете и слушнете што говори Бабињотис од титлуваниот разговор на македонски јазик за „пријателството и пријателски подадената рака од Грција за бетонирање на македонскиот јазик и идентитет“.
Автопатот што од Република Македонија води кон Грција го прекрстивме „Пријателство“, но според тоа што говори Бабуњотис тешко се стигнува до пријателство, кога се прават отстапки само од едната страна.