Со 153 гласа „за“, 140 „против“ и еден воздржан, Парламентот на Грција, денеска, по речиси 11-часовна расправа го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, јави МИА од Атина.
Грција е прва земја која го ратификува протоколот за влез на Република Северна Македонија во Алијансата.