Името Северна Македонија не е компромис. Компромис е ако сте принудени да се тргнете настрана, во најмала рака делумно, од позицијата која сте ја имале и за која се уште мислите дека е вистинската, пишува во својата колумна Киркос Доксиадис, професор по социјална теорија на Универзитетот во Атина.
Професорот во колумната објавена на сајтот „комуналити“, вели дека решението за името Северна Македонија за соседната земја е позиција која грчката страна можеше да ја прифати упте на почеток, во 1991-92 година со распаѓањето на Југославија. „Добро направено“: ако немаше исклучителни случувања во грчкото опшетство и во политиката во тоа време кое раководеше со земјата и ја донесе земјата во невероајтна авантура, од која се уште се мачи да излезе.
Доксиадис потестува дека министерот за надворешни работи Андонис Самарас и неговите одлуки да гради политичка кариера играјќи на хартија со екстремниот и опасен национализам, притоа не водејќи сметка за последиците; севкупната планирана комуникациска стратегија кон новите приватни телевизии, во кои се инвестираа огромен дел од нивните материјални и човечки ресурси во пропагандни формации создавајќи национална омраза со цел да се зацврсти нивна сопствена идеологија (како и економнско-полкитичка) хегемонија.
„Алексис Ципрас во интервју за ЕРТ инсистира дека договорот за името Северна Македонја отстранува секакво тврдење на соседната земја за грчкоста на античка Македонија. Тој истакна дека тоа кореспондира со чувствата на многу сограѓани дека Александар Македонски исклучиво има грчко потекло.
Како премиер кој им се обраќа на луѓето, или дури и како лидер на Левицата, кој се интересира за идеолошка хегемонија, тој тоа добро го направи, но прашањето има и друг аспект.
Таков вид национлаизам заснован на концепт на потекло и наследство е во основа многу близок до крајната десница. А, тоа е нешто што ние настојуваме да не го видиме. Национализам базиран на „екслузивно потекло“ или на „крвно наследство“ каде „крвта“ исто така може да биде симбол, е расистички национализам:случај каде национализмот и расизмот се обединети во едно месо. Во суштина ова настојување – дури и во принципите – на целосна забрана на употребата на терминот „Македонија“ од соседната земја не е фетиш за името. Да не заборавиме на расистичката карактеризација „џипсоскопјани“ која беше ланисрана кон нашите соседи за време на првиот период од прашањето.
И за се поизразениот спорен аргумент за исклучивата употреба на терминот „Македонија“ е: да не се дозволи на подолните луѓе да го слават наследството на Кралот Александар, зашто тој им припаѓа само на неговите вистински наследници“.