Во едно од пророштвата, познатиот грчки пророк Паисиј Атонски зборува за приближувањето на Третата светска војна.
Според неговите зборови, огромни судири ќе се случат меѓу држави од Блискиот исток. Над 200 милиони Кинези ќе тргнат кон фронтот кога реката Еуфрат ќе стане плитка.
Заради војната, народите ќе извршат превреднување на нештата, ќе настапи нов светски поредок, а државите долго време ќе ги отстрануваат штетите од војната.
Грчкиот Нострадамус зборува и за моралниот пад на општествата. Тој тврди дека луѓето ќе станат уште пожестоки и померкантилни. Сите храмови ќе се комерцијализираат. Свештениците ќе ја сфаќаат својата дејност како начин за заработка, а не како дејност чија цел е да се шири евангелието. Сите завети на Исус ќе бидат заборавени.
Бугарски Блиц заклучува дека ова последново, со црквите веќе се остварува, како и предупредувањето за моралниот колапс на општествата.