Грчкото МНР од Заев да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого сакале да поткупат, бараат од Движењето за промена.
Портпаролот на партијата- коалиција на ПАСОК и Демократска левица, Павлос Христидис, во писмената изјава вели дека чекаат од грчката влада известување за случајот со руските дипломати, јави од Атина.
– Министерството за надворешни работи треба да го направи она што е очигледно. Да стапи во контакт со господинот Заев за да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого. Уште очекуваме известување за тоа што се случи со руските дипломати, вели портпаролот на Движењето за промена.