По објавата на Атина дека по итна постапка протерува двајца руски диопломати од амбасадата во Атина, а за уште двајца забрани влез во Грција, денес Москва порача дека од Русија протерува двајца грчки дипломати.

Во дипломатијата обично се следи принципот на реципроцитет, односно на протерување дипломати, се одговара со иста мерка.

Рускиот пратеник Андреј Климов, во изјава за Итар-Тасс, потврдува дека двајца грчки дипломати од Москва ќе бидат протерани. Иако од грчката амбасада не дале изјава за агенцијата, туку за информации ја посочиле адресата на грчкото МНР, се објавува дека од нивната амбасада ќе треба двајцата дипломати да си заминат до утре.

Но, овој случај колку и да ги има сите елементи на дипломатска војна, сепак е со многу чудни и необични детаљи. Првин е чудна, па дури и нелогична, заради блиските односи меѓу Атина и Русија. Потоа, нејасно е зошто ваков дипломатски конфликт го нема на официјалните страници на министерствата за надворешни работи. Многу е индикативно што Атина иако одлуката за протерување на руските диплати ја донела на 6 јули, за што мора да постои нота, е објавена преку Катимерини, кој се повика на високи дипломатски извори, не кажувајќи каде. Претпоставуваме во Атина, со оглед на тоа што во текстот се цитираат звесни делови од дипломатската нота.

Москва исто така одговори прему медиуми, кои цитираа претставник на нивното МНР кој кажал дека во вакви случаи обично Русија одговара по принципот око за око, заб за заб. Повеже детаљи од руска страна нема.

Прашањето што се наметнува е – дали 11 јули е избран од Грција за да се пушти во етер информацијата заради Самитот на НАТО? Дали тоа требаше за да се потврди дека Русија навистина се меша во внатрешните работи на Грција,а и на Македонија, па дури се обидува и да го минира договорот за името?

Интересно, но пратеникот Климов денес не кажа ниту збор дека протерувањето на руските дипломати е заради Преспанскиот договор.

Инаку, лани во јануари беше пронајдов мртов во својот стан шефот на конзуларниот оддел на руската амбасада во Атина.