Три земјотреси со слаб интензитет се регистрирани денеска во реонот на Јонското море, јужно од островот Закинтос.
Како што соопшти Геодинамичкиот институт при Атинската национална опсерваторија, последниот трет послаб земјотрес е регистриран во 13 часот по локално време (12 часот по средно европксо време), со епицентар на 38 километри југозападно од Закинтос.
Претходно, околку 11 часот по локално време, јужно од Закинтос беа регистрирани два земјотреса со јачина од 4,6 степени и 4,2 степена по Рихтеровата скала.
На овој остров на 26 октомври беше регистриран силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтер.