Најголем државен долг во земјите на Европската Унија во четвртиот квартал од 2022 година е регистриран во Грција, а потоа следуваат Италија, Португалија, Шпанија, Франција и Белгија, објавуваат медиумите во регионот.

Долгот на еврозоната во истиот период изнесувал 91,6 отсто од нејзиниот БДП, што е за 4,1 отсто помалку отколку на крајот на третиот квартал, објави Евростат. Во четвртиот квартал претходната 2021 година долгот на еврозоната бил на ниво од 95,5 отсто од нејзиниот БДП.

Долгот на Европската Унија во која сите членки не се дел од еврозоната, во четвртиот квартал лани изнесувал 84 отсто од нејзиниот БДП, што е помалку во односн на претходниот квартал кога изнесувал 85,1 отсто.Во споредба со четвртиот квартал во 2021 година, долгот на ЕУ се намалил за четири отсто.

Најмал долг има Естонија, а најголем државен долг имала Грција 171,3 отсто од БДП (160 отсто од БДП и беше долгот во време на должничката криза), потоа Италија-144,4 проценти, Португалија-113,9 отсто, Шпанија-113,2 отсто, Франција-111,6 отсто и Белгија -105,1 отсто.

Во Естонија државниот долг изнесувал 18,4 отсто од БДП, во Бугарија 22,9 отсто, а на трето место е Луксембург со 24,6 отсто од БДП.