Грчкото Министерство за миграциска политика започна голема акција за трансфер на барателите на азил од островите во Егејското Море во континенталниот дел на земјата, објави „Катимерини“.
Сите мигранти кои беа префрлени од островите, неколку дена ќе престојуваат во четири хотели во областа Атика.
Целта е да биде намален бројот на мигранти на грчките острови, поради ниските температури кои претстојат.
Од минатата сабота до денеска префрлени се повеќе од 600 баратели на азил, главно од островот Самос, но исто така и од Лезбос, Хиос и Кос.
Меѓутоа, во истиот период, од Турција на грчките острови пристигнаа најмалку 250 нови миграни.
Во текот на септември се притворени вкупно 1.695 година мигранти и 66 трговци со луѓе. Во периодот од јули до крајот на октомври, вкупно 6.577 беа притворени поради илегален влез во земјата од страна на полицијата во северна Грција.