Последните податоци на Евростат за невработеноста во земјите членки на ЕУ покажува дека само три од нив имаат невработеност над 10 отсто: Грција со 20,6 отсто, Шпанија со 16,1  отсто и Италија со 11,1 отсто. Интересно, сите три држви се во групата на стари членки на ЕУ. Останатите 25 држави имаат невработеност помала од 10 отсто, а највисока меѓу нив е таа на Хрватска чија стапка на невработеност изнесува 9,4 отсто.

За нас интересен е фктот дека до пред само две години Шпанија имаше стапка од 25 отсто, а нешто повеќе од тоа беше таа на Грција. До пред една година се движевме рамо до рамо со Грција, но сега таа очигледно ни „бега“ за два проценти. Имено, македонската стапка н невработеност останува на нивото од околу 22 отсто без изгледи да претрпи некакви драматични промени по доаѓањето на Владата на Заев, додека Грците веројтно веќе се и под 20 отсто, со оглед на тоа што последниот податок на Евростат за Грција е за јануари оваа година, а не за март како за другите земји.

Сепак, според неодамнешното објаснување на професор Томе Неновски во емисијата Без ракавици, намалувањето на невработноста во Грција се должи и на фактот што во текот на последните години многу Грци нашле работа во западните земји, што за нив е многу полесно отколку за граѓаните на РМ. Според него, грчката економија и после речиси цела деценија од кризата нема капацитет самата да ја извлече земјата од должничката криза.

Доказ за тоа е и фактот што грчкиот долг во последниот квартал од 2017 година изнесувал 178 отсто од БДП, а на почетокот од кризата пред десет години долгот на Грција изнесуваше 166 отсто од БДП. Тоа значи дека сега долгот е поголем, исто како и во случајот со Италија чиј долг изнесува  131,8 отсто од БДП и Португалија чиј долг изнесува 125,7 отсто од БДП.